На 11 октомври во организација на ОМО „Илинден“-ПИРИН, ОМО „Илинден“ и други македонски организации во Бугарија беше организирана традиционална прослава на Македонското (Кресненско) востание и на 11 октомври.
➡️ Прво беа поставени венци и цвеќиња во град Кресна пред споменикот на водачот на востанието Димитар Поп-Ѓорѓиев Беровски. Говор одржа копретседателот на ОМО „Илинден“-ПИРИН Стојко Стојков, кој зборуваше за двете востанија, за продолжувањето на македонската борба за права и слобода, за политиката на негирање и бугаризација спроведувана од бугарската држава, која доведе до востанието од 11 октомври 1941 г. и која сега го надига на отпор македонскиот народ насекаде по светот.
Со минутен молк беа почетени загинатите.
➡️ Вториот дел од прославата беше во село Стара Кресна, каде пред споменикот на востанието говор за востанието прочита претседателот на ОМО „Илинден“ Кирил Тилев, кој беше примен со ракоплескање.
➡️ Третиот дел беше одржан во селото Оштава каде во црквата беше одржана панихида за загинатите за Македонија и беше раздадена погача и пченица за помен. Празникот заврши со веселба.
Присуствуваа луѓе од сите делови на Пиринска Македонија.
За повеќе слики, кликнете тука