ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА И ЗА ПРАВАТ АНА БУГАРСКИТЕ ГРАЃАНИ СО МАКЕДОНСКА САМОСВЕСТ – 2020 ГОДИНА

18 Mаj, 2021

Ilinden

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА И ЗА ПРАВАТ АНА БУГАРСКИТЕ ГРАЃАНИ СО МАКЕДОНСКА САМОСВЕСТ – 2020 ГОДИНА: 13 години откако Бугарија стана членка на Европската Унија, 30 години откако стана демократска држава, 57 години од почетокот на политиката на негирање, асимилација и дискриминација на македонското малцинство во Бугарија.

СОДРЖИНА

Вовед: Ситуација на македонското малцинство и позначајни настани во 2020 година

Негирање на македонското малцинство, нација и идентитет

Говор на омраза

Повреда на правото на здружување

Одбивање на властите да се вклучат во дијалог

Заклучоци и препораки

ВОВЕД

Состојба на македонското малцинство во Бугарија во 2020 година

Во текот на 2020 година, положбата на македонското малцинство во Бугарија се влоши поради влошените односи со Република Македонија, поради бугарските обиди да го принудат Скопје да се откаже од постоењето на македонското малцинство во Бугарија и медиумската кампања спроведена во Бугарија во таа насока. Регистрацијата на една од двете регистрирани македонски организации беше поништена во 2019 година, додека другата е во процес на дерегистрација и нејзините членови се подложени на малтретирање од страна на властите.
На македонското малцинство не му е овозможено ниту едно од правата утврдени во Рамковната конвенција за правата на националните малцинства. Во училиштата, децата не учат ништо за македонското малцинство и нација; напротив, тие се полнат со информации кои не само што избегнуваат какво било споменување на македонската нација и малцинство, туку го негираат и самото нивно постоење. Македонскиот литературен јазик и историја и понатаму не се изучуваат.1 На телевизија и во медиумите има постојано и повеќеслојно претставување на тезата дека не постои македонска нација и дека се што е македонско е всушност бугарско. Македонските гледишта не се вклучени во предавањата и дискусиите за историјата. Македонската самосвест (која што во Бугарија се нарекува „македонизам“) се смета за вештачка, антибугарска идеологија. Македонската самосвест (а со неа и македонската нација во целина) во Бугарија се прогласуваат за производ на комунистички експеримент или резултат на непријателска странска пропаганда. Во општеството владее клима на нетолеранција против Македонците и тие се изложени на говор на омраза, кој честопати слободно се пренесува перку медиумите без тие да бидат санкционирани од институциите на државата и без да наидат на каква било осуда од поширокото општество.
Искористувајќи ја оваа вештачки создадена атмосфера на нетолеранција, бугарската држава успешно ги задржува претставниците на малцинството изолирани од политичкиот и општествениот живот во земјата - и индивидуално2 и колективно (со одбивањето да се дозволи регистрирање на македонски партии и организации).
Во текот на 2020 година бугарската држава не презеде никакви мерки за подобрување на состојбата на македонското малцинство. Напротив, прави напори да го спречи признавањето на македонско малцинство.
Македонците не се застапени во државните институции, ги нема меѓу избраните претставници (ова е поради немање на регистрирана политичка партија) или во организациите. Ниту една од регистрираните политички партии не ги брани правата на Македонците во Бугарија. Претставници на општеството, со исклучок на мал дел од граѓанското општество3, се однесуват кон Македонците како да не постојат и ги игнорираат проблемите со кои се соочуваат. Нема (никогаш и немало) македонски претставници во Комисијата за малцинства. Кога се зборува и пишува за етничките групи во Бугарија, Македонците воопшто не се споменуваат, а македонската култура, јазик и историја не се претставени на ниту една владина публикација или на официјална интернет страница. Македонците не се вклучени во ниту една програма насочена кон на етничките заедници и не добиваат никаков вид помош од државата за зачувување и развој на нивната култура и идентитет4.
И оваа година ниту Комисијата за борба против дискриминацијата, ниту која било друга организација не излезе со официјален став во врска со положбата на Македонците во Бугарија, и покрај фактот дека бројот на пресуди против Бугарија во Европскиот суд за човекови права се искачи на 14. Во 30 години демократија ниту една бугарска официјална институција не излегла со став.
И покрај големиот број препораки од меѓународните тела, бугарските власти упорно одбиваат да отпочнат дијалог со македонското малцинство.
Република Бугарија вложува сериозни напори да го оневозможи отворањето на ова прашање во рамките на Европската Унија.

Важни настани во текот на 2020 година
На 10 март 2020 година беше објавен извештајот за човековите права во Бугарија, чиј автор е Комесарот на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ. Во извештајот, „етничките Македонци“ се споменуваат во четири поглавја, во деловите: Расизам; Нетолеранција и дискриминација;

Нетолеранција и говор на омраза против малцинствата, Институционална, правна и политичка рамка, организации за заштита на човековите права и Заклучоци и препораки, како и во посебен дел под наслов Право на слобода на здружување на лица кои се самоидентификуваат како етнички Македонци. Во овој извештај, се наведува дека: „Комесарот со тревога ја забележува неконтролираната нетрпеливост која се изразува кон малцинските групи во Бугарија, а што особено влијае на лицата кои се изјаснуваат како етнички Македонци“ .5 Комесарот им препорача на бугарските власти да регистрираат македонски организации, да се воздржат од одбивање на регистрирањето на овие организации врз основа на негирањето на постоењето на македонско малцинство и да отпочнат дијалог со Македонците.
На 29 мај Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе уште две пресуди со кои Бугарија беше осудена за кршење на правата на Македонците. Тие се однесуваа на случаите поднесени од Македонскиот клуб за етничка толеранција и од Здружението на репресирани Македонци во Бугарија за време на периодот на комунистичкото владеење, поради одбивањето на Бугарија да ги регистрира овие организации. Пресуди го зголемија вкупниот број пресуди во врска со кршењето на правата на Македонците на 14.
На 26 мај беше доставен извештајот на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства (инаку објавен во октомври). Македонците во Бугарија се споменуваат во овој извештај во 36 места и на властите им се препорачува да започнат дијалог со Македонците со цел Конвенцијата да почне да се спроведува и врз нив, а не да ја злоупотребуваат дефиницијата заснована врз објективни критериуми за постоење или непостоење на малцинството со цел да се ограничи правото на самоопределување, а содржеше и совети за спроведување на пописи во иднина, особено за вклучување на поле за определување на помалубројните малцинства како што е македонското. 6
На 20 јули 2020 година, Окружниот суд во Благоевград ја поништи регистрацијата на Здружението за одбрана на основните граѓански права, која беше одобрена пред помалку од една година, користејќи ги истите образложенија кои беа многупати критикувани од ЕСЧП и од другите институции во Стразбур .
На 28 август, Групата за демократија, владеење на правото и основните права (DFRMG) во Европскиот парламент го поднесе следното прашање до заменик министерот за правда на Бугарија и до Комисијата за заштита од дискриминацијата: „Како мислат бугарската влада и Комисијата за заштита од дискриминација да обезбедат целосна заштита на сите малцинства? .... Имаме пријави за произволно одредување карантин и воведување полициски час насочени кон одредени Роми, неконтролиран говор на омраза кон Ромите, говор на омраза кон ЛГБТИ заедницата, како и обиди да се попречи работата на, на пример, невладините организации кои кои работат со македонското малцинство во Бугарија (поништување на регистрациите на овие НВО). Конкретно прашање до Комисијата за заштита од дискриминација: какви истраги ги спроведовте во изминатата година за овие случаи и какви решенија донесовте во овие случаи? “7
На почетокот на септември бугарската влада дистрибуираше до земјите-членки на ЕУ Меморандум за објаснување на односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на проширувањето на ЕУ и на процесот на стабилизација и асоцијација во кој ги постави условите за членство на Македонија во ЕУ; имено, се бара одрекување од постоењето на македонско малцинство во Бугарија и прекин на секоја евентуална поддршка за тоа малцинство пред меѓународните институции.8
На 1 октомври Комитетот на министри на Советот на Европа усвои дополнителна резолуција во врска со не-спроведувањето на пресудите на ЕСЧП од Бугарија. Резолуцијата беше поврзана со шесте пресуди донесени меѓу 2000 и 2020 година во врска со одбивањето да се регистрира ОМО „Илинден“, Македонскиот клуб за етничка толеранција и Здружението на репресирани Македонци во Бугарија. Во оваа резолуција Комитетот наведе: „Забележуваме со длабока загриженост дека со овие мерки, од 2006 година па досега, на здруженија кои се слични на „МО „Илинден“ им се одбиваат барањата за регистрација со оценка дека нивното здружување ќе води до промовирање на постоењето на „макеоднско малцинство“, и дека тоа го загрозува националното единство и ја нарушува уставната забрана за создавање здруженија кои спроведуваат политички цели – овие образложенија систематски се отфрлени од Европскиот Суд во случаите за оваа група;...сметаме дека извршувањето на овие случаи, освен одредени дополнителни законски и административни мерки, ќе бара испраќање и на јасна порака од страна на на властите и вршење на постојани напори да се крене свеста дека на ОМО „Илинден“ и други слични организации не треба да им се одбива барањето за регистрација или да бидат расформирани со образложенија кои веќе се отфрлени од страна на Европскиот Суд... БАРАМЕ да испратат порака и да ги продолжат нивните напори да се крене свеста дека на организации кои целат да се постигне „признавање на македонско малцинство во Бугарија“ не треба да им се одбива барањето за регистрација со образложенија поврзани со целите на организацијата и начините на нивно исплнување кои се спротивни на пресудите на Европскиот Суд во овие случаи, и дека овие организации не треба да бидат предмет на постапки за расформирање под слични образложенија). 9.

На 2 октомври, по долготрајни преговори во Европскиот Парламент, беше усвоена Резолуцијата за Бугарија во која, во точката 15, Парламентот „ги осудува сите случаи на говор на омраза, дискриминација и непријателство против… малцинските групи, што останува акутен проблем кој предизвикува загриженост; … (бара) да се ​​зајакне правната заштита против дискриминација и злосторства од омраза и ефикасно да се истражат и гонат ефикасно кривични дела; … Ја повикува бугарската влада да ја засили соработката со меѓународните и локалните организации за заштита на човековите права и да ги преземе сите потербни мерки за ефикасно да ги заштити прават на малцинствата, особено правата на слобода на изразување и слобода на здружување, вклучително и преку спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права [13]; ги повикува бугарските власти и официјални лица силно да ги осудат сите чинови на насилство и говор на омраза против малцинствата “) . Десет пресуди на ЕСЧП во врска со ОМО „Илинден“ се цитирани во фуснотата 13 на резолуцијата.

На 8 декември Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ на Македонија и покрај фактот што македонскиот премиер Зоран Заев на 18 ноември изјави дека Македонија ги повлекува барањата во врска со постоењето на македонско малцинство во Бугарија.

НЕГИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА, МАЛЦИНСТВО И ИДЕНТИТЕТ


Македонците не се признати како малцинство (напротив, основен државен став е да се негирањето постоењето на македонското малцинство, што може да се види и од конфликтот со Македонија), тие не се вклучени во рамките на Рамковната конвенција за одбрана на националните малцинства , не се споменуваат во државните документи и немаат свои претставници во Националниот совет за етнички и интегративни прашања.11
Во изминатите неколку години негирањето на македонското малцинство стана услов за интеграцијата на Република Македонија во европските институции. Според ставот усвоен во Објаснувачкиот меморандум, со Договорот за пријателство со Македонија се појаснува дека „сите барања во врска со постоењето на таканаречено 'македонско малцинство' на бугарска територија се беспредметни“. Соодветно на тоа, „Бугарија очекува Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски, да престане да ги води горенаведените политики, веднаш да ги усогласи своите позиции и активности во меѓународни организации и форуми во согласност со членот 11 од Договорот и да престане со праксата на користење повеќеслојни формати и механизми за следење како средство со кое врши несоодветен притисок врз Бугарија. Тоа ќе биде предуслов за добивање на бугарската согласност за преземање на следниот чекор во процесот на интеграција“.12
Овој документ е целосно посветен на негирање на македонскиот идентитет во контекст на докажување дека нема, немало и не може да има македонско малцинство.
Според овој документ, македонскиот етнички идентитет и јазик не постоеле до 1944 година, кога биле создадени со цел да се разделат луѓето во Македонија од луѓето во Бугарија. Со него директно се тврди дека македонската нација е вештачки создадена со масовно убивање и насилство врз Бугарите и со фалсификување на историската вистина, до ниво да се спровел „проект на етнички инжењеринг за создавање на 'македонски идентитет'; позиција која освен тоа што е историски невистинита, наметнува исклучително негативни предрасуди за македонската нација и идентитет.
Бугарските власти се особено заинтересирани да ја заштитат својата теза дека процесот на создавање на македонската нација не го вклучува населението во границите на Бугарија: „процесот на создавање идентитет сепак беше ограничен само на територијата на Социјалистичка Република Македонија и по 1991 година – на Република Македонија. И покрај тоа што бугарските граѓани не учествуваа во овој процес, властите во Република Македонија сè уште тврдат дека во Бугарија постои „македонско малцинство“. Тоа се толкува како „создавање антагонизми со Бугарија преку ширење на стереотипи“. „Бугарија, сепак, не може да прифати дека продолжувањето на процесот на градење нација во Република Северна Македонија ќе се врши со преиспитување на нашата заедничка историја, негирање на нашите заеднички етнички и јазични корени или со неосновани тврдења за постоењето на„ македонска малцинство “во Бугарија. Овие пројави на државно финансирана анти-бугарска идеологија и пракса се спротивни на европските вредности и не смее да се легитимираат преку процесот на пристапување во ЕУ“.

Македонија е директно обвинета дека „со кршење на членот 11 од Договорот, Скопје не ги сменило политиките на претходните влади кои охрабруваа и поддржуваа лица и организации кои бараат признавање на непостоечкото „македонско малцинство“ во Бугарија. “
Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева ја поддржува истата оваа политичка теза, што доведе до блокирање на членството на Македонија во европските институции и структури: „Во овој договор има и дел за едностраните обврски од страна на Република Северна Македонија дека нема да полага никакви барања што се однесуваат на присуството на таканаречено македонско малцинство во Бугарија. ”13„Бугарските стравови се поврзани со непрестајните тврдења на Република Северна Македонија дека во нашата земја има македонско малцинство”, подвлече Захариева. Бугарското вето може да се избегне ако Македонија „признае дека нејзините корени и јазик имаат бугарска основа и со тоа да престанат сите тврдења дека во Бугарија постои јасно дефинирано„ македонско малцинство “.14 Последната изјава јасно покажува дека вистинската причина за историскиот и јазичниот спор со Македонија е да се отвори пат да негира каква било можност за постоење на македонско малцинство во Бугарија.
Во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг премиерот Бојко Борисов на следниов начин ја коментираше резолуцијата во Европскиот Парламент: „За мене беше големо изненадување што неодамнешната резолуција во Европскиот Парламент во врска со Бугарија го покрена прашањето за наводното македонско малцинство во Бугарија. Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство може да има во Бугарија? Не познавам ниту еден Македонец. Јас првпат од резолуцијата слушнав дека треба да има такво малцинство… Морам да кажам дека сум навистина загрижен за ваквиот развој на настаните“.15 (Во овој случај Премиерот е неискрен бидејќи ова прашање беше покренато со него повеќе пати од претставници на македонското малцинство, кои во неколку наврати бараа средби со него. Причината што тој не познава ниту еден член на македонското малцинство е во тоа што ги одби сите барања на македонските организации за средба со него).
Во првичната верзија на резолуцијата на Европскиот Парламент беше споменато македонското малцинство, но подоцна таа формулација беше отфрлена под притисок на бугарските европратеници.16
Дури и најлибералните политичари во Бугарија силно се спротивставуваат на отворањето на прашањето за македонското малцинство во Бугарија. Па така, европратеникот, Радан Кунев, од партијата Демократска Бугарија изјави: „Категорично ја отфрлам темата на таканареченото 'македонско малцинство' како концепт и прашање кое е затворено меѓу двете земји. Апелирам до сите колеги во Европскиот Парламент да усвојат заеднички став, со кој се отфрла и негира отворањето на таква тема”.17 Лидерот на истата партија Христо Иванов, во врска со спомнувањето во резолуцијата на теми како што е како прашањето на ОМО „Илинден“ оцени дека се работи за „обид да се смени темата“. Елена Јончева од БСП (дел од групата на Прогресивниот сојуз на социјалисти и демократи во Европскиот Парламент) исто така реагираше дека во резолуцијата „се зборува за македонско малцинство кое не постои“.18 По ова прашање нема разлика меѓу либералните и екстремните националистички политичари. Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД во врска со истата резолуција зборуваше за „непостоечкото 'македонско' малцинство во Бугарија… лажната теза за присуството на 'македонско малцинство' во нашата земја… нашата земја е мононационална и унитарна и не се дозволени никакви видови на автономни формации или колективни 'малцински' права на нејзината територија. Самото поставување на прашање за таканареченото 'македонско' малцинство претставува дрскост, отворена антибугарска кампања која се води во ЕП против Бугарија”.19
Оттаму, бугарските политичари едногласно се согласуваат со тезата поставена од диктаторот Тодор Живков во 1963 година дека „македонското малцинство во Бугарија не постои и не може да постои“. До таа мера се согласни со Живков што несвесно го цитираат. Од „либералниот“ европратеник Радан Кунев вели дека: „Македонско малцинство не постоело, не постои и нема да постои“ 20, до екстремниот националист Ангел Џамбаски, за кого: „(Македонско малцинство) не постоело, не постои и не може да постои!“21
И покрај тоа што македонскиот премиер Зоран Заев во ноември 2020 година изјави дека „Ние конкретно немаме никакви претензии, ниту од територијален ни од малцински карактер“ кон Бугарија. Бугарија сепак ја блокираше интеграцијата на Македонија во европските структури во декември 2020. 22
Негирањето на македонското малцинство не доаѓа само од службени политички личности и државни институции, туку и од голем дел од интелектуалците. 23 Секоја надворешна интервенција се смета за крајно негативно: „Европскиот суд не турка директно во насока на признавање на измислено македонско малцинство.. на непостоечко етничко малцинство“. 24

Правни аргументи кои се користат за негирање на македонското малцинство

Во обид да обезбедат аргументи за нивното одбивање да го признаат македонското малцинство и да започнат дијалог со неговите претставници, властите излесуваат аргумент дека, според нив, Македонците не исполнуваат „објективни критериуми“ за да бидат признати како малцинство. 25 ”Правото на слободно, индивидуално самоопределување е неразделно поврзано со објективни критериуми, поврзани со идентитетот на личноста… тоа право може да се оствари во согласност со кумулативно исполнување на субјективни критериуми (присуство на слободна волја за да се избере припадност кон одредена етничка, верска, јазична малцинска група или заедница) како и објективни критериуми (постоење на реални карактеристики кои објективно го докажуваат постоењето на етничка поврзаност, религија и јазик кои се значително различни од оние на мнозинството). Како и други земји-членки на ЕУ, Бугарија не обезбедува колективни, туку само индивидуални права. Следствено, барања за признавање на малцинства што доаѓаат од странство се неприфатливи.”26 Во својот извештај за 2020 година, Советодавниот комитет го даде следниов одговор на овие аргументи: Советодавниот комитет потсетува дека правото на самоопределување содржано во членот 3 од Рамковната конвенција не е само централна одредба на Рамковната конвенција 15, туку, како што истакна Европскиот суд за човекови права, претставува „камен-темелник“ на меѓународното право за заштита на малцинствата во целина. Иако може да е легитимно да се поврзе признавањето на една група како национално малцинство со објективни критериуми, овие критериуми не смеат да бидат дефинирани или толкувани на начин што произволно ја ограничува можноста за нивно признавање. Ставовите на лицата кои припаѓаат на засегнатата група треба да бидат земени во предвид од страна на властите при спроведување на сопствена анализа за исполнување на објективни критериуми. Иако земјите-членки имаат простор да направат проценка при утврдување како да се пристапи кон прашањето на носителите на правата во согласност со нивните национални и меѓународни обврски, тие треба да најдат решенија кои не се произволни и кои спречуваат неоправдано одземање на заштитата што ја нуди Рамковната конвенција. Понатаму, Советодавниот комитет потсетува дека признавањето на една група како малцинство од страна на државата не е предуслов за да се добие заштита под одредбите на Рамковната конвенција.“ 27
Овој конкретен аргумент на властите во суштина е само лажно оправдување - до денес во Бугарија нема утврдена дефиниција за тоа што претставува национално малцинство, ниту пак се соопштени „објективните критериуми“ кои бугарската влада ги користи за да утврди што е, а што не е национално малцинство. Напротив, бугарската политика и научни истражувања се фокусирани на оспорување на секоја можна основна основа и критериум за признавање на македонско малцинство, негирајќи го, на пример, посебниот македонски јазик, кој некогаш беше признат и се учеше во бугарските училишта, но чие постоење во Бугарија денес е генерално оспорено, и покрај фактот дека е меѓународно признаен (и политички и научно). Имено, како што директно се наведува во Меморандумот на бугарската влада: „службениот јазик што се користи во денешна Република Северна Македонија… денес, регионални верзии на истиот јазик сè уште се зборуваат од двете страни на границата меѓу Бугарија и Република Северна Македонија." Меморандумот јасно ја покажува врската што бугарските власти ја прават меѓу концептите јазик и етничка припадност и соодветно на тоа со концептот на малцинство.28 Според тоа, признавањето на македонскиот јазик како посебен јазик би довело до признавање на фактот дека овој посебен јазик се зборува и во Пиринска Македонија, што во суштина би бил „објективен критериум“ за признавање на македонското малцинство („постоење на реални разлики… јазик… кои се разликуваат од оној на мнозинството“, што е еден од малиот број на „објективни критериуми“ споменати од бугарските власти). Поради ова, бугарските власти инсистираат дека „службениот јазик што се користи во денешна Република Северна Македонија, може да се смета единствено за регионална норма на бугарскиот јазик“. 29 Или, како што е наведено подиректно од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, Бугарија и Македонија се…„ две држави што зборуваат на еден ист јазик.” 30
Истиот став го држи и бугарскиот судски систем. Со низа одлуки од страна на Агенцијата за впишување и бугарските судови се одбива регистрацијата на организации на македонското малцинство при што се повикуваат на официјалното негирање на неговото постоење. Тоа е основниот мотив за 4 судски одлуки во изминатата година - 3 во Окружниот суд Благоевград и една во Апелацискиот суд во Софија (повеќе во Повреда на правото на здружување, подолу). Во овие одлуки е јасно дека негирањето на македонското малцинство претставува како идеолошка, така и правна основа за дискриминација врз луѓето со македонска самосвест и негирање на нивното право на здружување.

Говор на омраза

Негирањето на македонското малцинство води до говор на омраза на кој Македонците се изложени. Да го немаше официјалното негирање на малцинството, сите други обвинувања изнесени против нас не би биле можни. Обвинувањата упатени кон Македонците се дека тие се антибугарски елементи, предавници, отпадници, странски агенти, непријатели на државата, се закана за нејзиното единство и суверенитетот и територијалниот интегритет, и произлегуваат точно од тврдењето дека такво малцинство не постои, а секое спротивно тврдење може да се смета само за непријателски чин и предавство на државата и нацијата.
Едно од средствата што се користат за наметнување стереотипи за Македонците е употребата на изрази дизајнирани за оцрнување на македонската нација, малцинство, идентитет и право на самоопределување. За да се постигне оваа цел, наместо да се користат точни поими, се користат изрази како што се „македонизам“, „македонисти“ и други слично, што сугерира дека во овој случај не се работи со прашања на етничка припадност, за самоопределување и идентитет, туку за следбеници на вештачка идеологија. Сепак, честопати и тоа не се смета за доволно, па на овие концепти им се додаваат поголем број уште по-негативни конотации.
Според Меморандумот за објаснување: „Македонизмот е трансформиран во оружје на Белград против Бугарија, и се користи до денес“. За пратеникот на ВМРО-БНД, Стојан Божинов, „македонизмот е најлошото нешто што и се случило на нашата земја.“ 31 Тој е „голема српско-националистичка идеологија“. 32 Се прогласува за патолошка идеологија чии носителите имаат ментални проблеми. Бојан Чуков, на пример, вели дека: „бранителите на патолошкиот македонизам се лишени од можноста да размислуваат логично и да зборуваат искрено и со почит. Ние мора да бидеме луди да дозволиме овој патолошки македонизам, под-проект на великосрпската идеологија, преку Скопје да се протне во ЕУ". 33
Македонизмот и македонската самосвест упорно се дефинираат како „антибугаризам“. Вицепремиерот Каракачанов реторички прашува: „зошто за да имате некаква македонска свест и идентитет, мора да негувате омраза кон Бугарија... зошто морате да ја фалсификувате историјата и да крадете дел од бугарската историја која ја претставувате како македонска, и зошто сето тоа мора да биде насочено кон создавање чувство на омраза и презир кон Бугарите?“ 34 Овој концепт ги содржи сите „неосновани тврдења за постоење на 'македонско малцинство' во Бугарија. Ова се примери за антибугарска идеологија и пракса финансирани од државата” (Меморандум).35 Европратеникот Ангел Џамбаски го изнесува истиот став: „Лажната теза за присуството на 'македонско малцинство' во Бугарија е директно продолжување на комунистичката, антибугарската политика“. 36 На 18 септември, вицепремиерот Каракачанов протестираше дека „легализација на непостоечки етнички и други видови на малцинства, на истополови бракови и уништување на бугарските традиции и вредности – е коминтерновска, југословенска, антибугарска теза. ”37
Постапките кои се прогласуваат за „антибугарски“ не само што се смета дека се спротивставени на политиките на Бугарија, туку се третираат и како директно непријателски насочени кон државата и народот и сите активности што ги преземаат луѓето кои припаѓаат на македонското малцинство и поддршката што ја добиваат од кој било која страна се толкува во истиот овој дух. Во таа насока, пресудата на ЕКЧП во корист на Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија од мај 2020 година година се преставуваше како „тежок удар врз нашата земја, историската правда и бугарскиот начин на живот“. 38 Намерите на истиот клуб да одржи „состаноци и протести во одбрана на македонското малцинство во Бугарија и да ги информира бугарските и меѓународните институции со проблемите со кои се соочуваат“ се толкуваше како израз на „отворена, антибугарска дрскост“. 39
Создавањето на македонскиот идентитет и малцинството се оценува како неприроден чин поттикнат од надвор. Според Меморандумот за објаснување, ова е пример за „наследство на идеологијата и практиките на комунистичка Југославија… етнички и јазичен инженеринг… Етнички инженерски проект за создавање на 'македонски идентитет' и 'македонска нација'. 'Македонскиот јазик' и етничка припадност не постоеле до 2 август 1944. Нивното создавање е дел од целосната конструкција на посебен, небугарски идентитет, насочен кон раскинување на врските помеѓу населението на тогашната Социјалистичка Република Македонија и Бугарија. 40

Според премиерот Борисов: „Бугарските комунисти и Комунистичката интернационала, контролирани од сталинистичка Москва, по Втората светска војна сакаа од идеолошки причини да ги претворат Бугарите во Македонија во Македонци“. На 14 октомври, заменик министерот за правда Јордан Јорданов, изјави дека: „проблемот со создавање на македонско малцинство беше инициран надвор од нашата земја - од Коминтерната, од Советскиот Сојуз, а подоцна беше префрлен во Белград и Скопје.“ 42
Слична реторика се појави во медиумите: „Македонизмот е претворен во оружје на Белград против Бугарија, дури и до денес - тоа е великосрпска идеологија“. 43
Истото тврдење се користи и по прашањето на македонското малцинство во Бугарија: „политиката на Коминтерната… беше кратко време прифатена од тоталитарниот комунистички режим во Бугарија во согласност со диктатите на Сталин… Над 100.000 Бугари беа убиени, затворени, прогонети или испратени во концентрациони логори. ”44 Според европратеникот Џамбаски; „На сите им е јасно дека такво малцинство не постои, и покрај комунистичката репресија на крајот на 40-тите и почетокот на 1950-тите во Бугарија. Ова е навреда за споменот на стотици илјади бугарски патриоти, жртви на присилно македонизирање од страна на криминалната комунистичка влада.“ 45 На 9.10.2020, во својата Декларација ВМРО-БНД уште еднаш се повикуваше на комунистите кои „насилно го македонизирале населението во Пиринска Македонија.” 46 Пратеникот Божинов зборуваше за истото измислено насилство кое никогаш не се случило, наведувајќи дека: „корените на македонизмот во Пиринска Македонија може да се најдат во одлуката на Коминтерната и во присилната македонизација”. 47
Истиот стереотип го има насекаде низ медиумите. На пример: „присилната македонизација во Пиринско под диктат на Тито по 1945 година… ни отвори уште една рана.“ 48 Борислав Цеков од Центарот за Нова Европа го изјави следното за резолуцијата на ЕУ: „…најголемиот чин на национално предавство во современата бугарска историја е политиката на присилна ‘македонизација’ на бугарското население во Пиринско за одвојување на регионот од Бугарија… Антинационалните активности во Пиринско оставија драматичен белег врз Бугарите“, „политиката на Бугарската комунистичка партија која ги принуди Бугарите во Македонија да напишат на личните карти дека се „Македонци“. 49
Не само што се тврди дека „создавањето“ на македонскиот идентитет и малцинство е вештачки стимулирано од „странство“, туку истото се случило и со прашањето на македонското малцинство. Според официјалното гледиште на државата: „Процесот на изградба на идентитет… беше ограничен само на територијата на Република Македонија… Бугарските граѓани не учествуваа во него, но властите во Република Северна Македонија сè уште тврдат дека постои ‘македонска малцинство’ во Бугарија - овие тврдења (водат кон) создавање антагонизам со Бугарија преку ширењето на стереотипи”.50 „ Тоа не е процес што е инициран од внатрешни сили во Бугарија.” 51
Меѓународните организации кои ќе се произнесат во поддршка на една или друга македонска организација во Бугарија се обвинуваат дека водат антибугарска политика: „Европскиот суд сега директно не притиска да го признаеме измисленото македонско малцинство, без да се грижи дека бара права на здружение на непостоечко етничко малцинство… Сега официјална европска институција ја врши работата на еден куп западни фондации кои со години, со помош на богати грантови, купуваат поддрувачи на етничката поделба на Бугарија така што измислуваат не само Македонци, туку и Помаци и други етникуми и малцинства на нашата територија. Западните големи сили не измислија ништо ново под сонцето - од 1878 година тие се залагаат за распарчување на Бугарија.“ 52
Дури и странците кои ја признаваат реалноста на македонскиот идентитет се напаѓани како непријатели. На пример, Марија Третјакова беше нападната и обвинета дека е „агент на влијание“ на Македонците и Србите… дека целосно го поддржува патолошкиот македонизам што и служел на големосрпската идеологија… која им нанесува штета на бугарските национални интереси веќе 150 години . На исклучително перверзен и искривен начин… таа спроведува класична хибридна војна… против Бугарија во служба на милитантните македонисти и големосрпските идеолози кои стојат зад нив. Написот на Марија Третјакова е класичен случај на… агресијата на Скопје и Белград во однос на Бугарија… милитантните Македонци и великосрпските идеолози“. 53
Академик Георги Марков, во истиот дух, советуваше дека „не треба да дозволиме да се шират овие домашни политички приказни, а нашите непријатели да ја користат можноста да ја пренасочат дискусијата кон разговор за некакви измислени малцинства во Бугарија“.
Се разбира, штом „создавањето“ на прашањето на македонското малцинство и кревањето на ова прашање потекнуваат „од надвор“, лицата во Бугарија кои се активни на таа тема не се ништо друго освен национални предавници кои исто така се платени и контролирани „од надвор“. Навредите насочени кон македонските активисти се навистина многу чести и тие обично се нарекуваат „македонисти“ или „омовци“ - според името на првата македонска организација формирана по падот на комунизмот ОМО Илинден. Бидејќи македонското малцинство „не може да постои“, самоопределувањето на Македонците не се смета за реално. На 14 октомври, заменик министерот за правда Јордан Проданов рече дека има една „незначителна група луѓе во Бугарија кои се самоопределуваат како „македонско малцинство“ 65. Нивните организации се „минијатурни македонизирачки организации“. 66

Имајќи го предвид ваквиот однос, не е ни чудо што во Собранието, во јавни обраќања до обвинителството и во медиумите се покренува барањето за апсњење на активистите за човекови права на МАкедонците. Во формално пратеничко прашање, Стојан Божинов го праша јавниот обвинител зошто се уште не се уапсени активистите на македонските организации: „сите овие лица треба да бидат уапсени и однесени во место кое е соодветно за нив“. Според Божинов, јавниот обвинител одговорил дека овие процеси се истражуваат од страна на обвинителството и од безбедносните служби, и дека, кога е соодветно, ќе се преземат одредени мерки. Овој пратеник го повтори своето барање неколку пати на телевизија: „ВМРО“. се бори против оваа организација, ВМРО има значајна улога во запирањето на оваа организација. Ние инсистираме овие луѓе… да бидат уапсени, за да можеме да ја затвориме оваа работа “,„ тие бројат само 200-300 души. Сепак, овие луѓе треба да бидат уапсени“... „ОМО Илинден добива сила од националните предавници кои според мене треба да бидат уапсени... овие луѓе, организаторите на ОМО Илинден мора да бидат апсени за да и се покаже на Европа дека има закон во Бугарија“. 67 Програмата во која ваквите тврдења беа изнесени се карактеризира со мотото под кое наизменично се водеа нејзините епизоди: се прашуваше „кој ја создал сепаратистичката, промакедонска партија ОМО-Илинден и зошто?“ и „зошто никој не ги санкционирал активностите на ОМО-Илинден?“ 68
Сепак, не само што македонските активисти се сметаат за национални предавници, туку и сите кои ги поддржуваат или не се спротивставуваат доволно активно на нивните дејствија во Бугарија се бележат на сличен начин. Ултранационалистите од владејачката партија ВМРО-БНД издадоа декларација на 9.10.2020 година, во која усвојувањето на Резолуцијата во Европскиот Парламент беше наречено „срамна и срамна… национална предавство“ и продолжение на работата на оние „кои на сила го македонизираа населението во Пиринска Македонија“. 69 Според пратеникот Стојан Божинов, фактот дека бугарските политичари дозволиле формирање на ОМО Илинден во 1990 година, регистрација на ОМО Илинден-ПИРИН во 1999 година, па дури и усвојување на резолуцијата во Европскиот Парламент од страна на бугарските европски пратеници 70 претставуваат три акти на национално предавство чии автори се либерали од партијата СДС, лица од преку кабинетот на поранешниот премиер Костов или од партијата ДА Бугарија кои „ја распродадоа и предадоа Бугарија“ . 71 Борислав Цеков од Центарот за Нова Европа изјави дека „...овие европратеници и нивната придружба ја навредуваа бугарската кауза. За оние кои се добро информирани на темата ‘македонизам’, јасно е дека ОМО Илинден е современа проекција на последиците од најголемиот чин на национално предавство во современата бугарска историја.“ 72 Тој продолжува: „Поддршката обезбедена од бугарски европратеници во рамките на Европскиот Парламент за легитимизација на сепаратистичката организација ОМО Илинден која тврди дека постои „македонско малцинство“ и бара автономија на Пиринскиот регион, е најголемиот чин на национално предавство. Историјата нема да го прости ова предавство!“ 73
Не само што македонските активисти се „предавници“ и „странски агенти“, туку нивните активности претставуваат вистинска опасност за земјата - за нејзиниот територијален интегритет, безбедноста и единството на нацијата. Заменик министерот за правда, Јордан Проданов, на 14 октомври изјави: „Ние мораме да ги браниме националните идеали и интереси. Вакви организации го загрозуваат територијалниот интегритет на нашата земја. Овие луѓе се едно те исто. Тие изразуваат сепаратистички идеи и го загрозуваат националното единство.“ 74. Радан Кунев го изрази истото мислење за ова прашање: „ОМО Илинден ... тоа е организација опасна по бугарската национална безбедност. Тоа е организација што е контролирана од службите за безбедност во Белград, па дури и Москва...” 75 Како резултат на тоа, навистина не е чудно што ваквите мислења се прелеваат и во медиумите. Симеон Миланов во својот напис тврди дека „признавањето на македонското малцинство во нашата земја ќе создаде можност да се појават територијални претензии“, „Нашата историја, достоинство, па дури и нашиот суверенитет над областа Благоевград се во прашање... ние се исмеваме со нашиот национален идентитет.“ 76
Самото поставување на прашањето дали постои македонско малцинство се смета за навредливо. Според европратеникот Ангел Џамбаски: „Поставувањето на тоа прашање е груба навреда за споменот на стотици илјади бугарски патриоти кои биле жртви на присилна македонизација. Повторувањето на оваа лажна теза е крајно срамна и одвратна за секој што се преправа дека е ‘демократ’ и ‘либерал’“ .77

КРШЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ЗДРУЖУВАЊЕ

Бугарија сè уште не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во врска со ОМО Илинден 78 и другите македонски организации, 79 иако некои од нив веќе датираат од пред 20 години. Бројот на пресуди против Бугарија во Стразбур во врска со кршењето на членот 11 од Европската повелба за човекови права (ЕПЧП) достигна 14 и тие сочинуваат една четвртина од сите пресуди што Бугарија не ги спроведува. 80
Прашањето за повреда на правото на здружување на Македонците во Бугарија оваа година се најде во извештаите на Советодавниот комитет, Комесарот за човекови права, во заклучоците за Бугарија донесени од Комитетот на министри, во прашања поставени од Групата ЛИБЕ за демократија, човекови права и набљудување (DFRMG) и во резолуциите на Европскиот Парламент за Бугарија. Врз основа на настаните во текот на годината, стана јасно дека Бугарија не ги почитува овие препораки и не презема „решителни мерки за извршување на пресудите на Судот во врска со правото на слобода на здружување на лица со цел да се унапреди признавањето на македонското малцинство во Бугарија и промовирање на македонската култура… да им се овозможи на лицата кои се идентификуваат како етнички Македонци да ги регистрираат своите здруженија и да се воздржи од одбивање на барањата за регистрација врз основа на поврзаност со признавање или непризнавање на македонското малцинство во Бугарија“.81
Бугарските власти се обидоа да им ускратат пристап на македонските организации до меѓународните судови (ЕСЧП и ОН). И покрај тоа што македонски организации поминаа низ сите можни нивоа на судскиот систем во Бугарија, вклучително и највисокото судско ниво, чии пресуди веќе не можат да се обжалат во земјата, Бугарија излезе со став дека штом организацијата може одново да поднесе целосно ново барање за регистрација, ова всушност значи дека сите правни лекови и инструменти во земјата не се исцрпени и, следствено, меѓународните судови не треба да ги прифаќаат и да ги испитуваат жалбите.82 Со оглед на тоа што ни е добро познато дека новиот обид за регистрирање нема шанси да доведе до регистрација на здружението, Бугарија всушност бара Македонците да се затворат во волшебниот круг на бугарскиот судски систем, каде меѓународните судови никогаш не ги прифаќаат нивните жалби по одбивањето на барањето за регистрација.
Новата постапка за регистрација на невладини организации донесена по 2017 година не донесе позитивни резултати за Македонците чии организации продолжија да бидат одбивани кога и да поднесат барање за регистрација. 83 И покрај препораките на Комитетот на министри, Советодавниот комитет 84 и новите пресуди на ЕСЧП, бугарските власти продолжија да одбиваат регистрација на македонски организации во текот на 2020 година - ниту една организација не беше регистрирана во годината. Три македонски организации беа одбиени вкупно 10 пати; една беше дерегистрирана, а членовите на единствената преостаната регистрирана организација беа подложени на полициски испрашувања чија цел беше да се најде причина за укинување на регистрацијата на организацијата.

Одбиени регистрации и причини за одбивање во 2020 година
И оваа година, главните основи за одбивање на регистрацијата продолжија да бидат „врз формална основа или врз основа на формални и суштински основи, имено, размислувања за националната безбедност, заштитата на јавниот ред и мир и правата на другите, уставната забрана за здруженија спроведувајќи политички цели и непризнавањето на „македонското малцинство“, иако „во претходните пресуди, Европскиот суд за човекови права сметаше дека овие основи не биле правилно повикани во врска со здружението-апликант или не можат како такви да оправдаат ограничување на слободата на здружување како што е загарантирано со членот 11 на ЕКЧП, на кој членот 7 од рамковната конвенција се смета за соодветна одредба „.85

Одбивање по формална основа

На 9.01.2020 Агенцијата за впишување одби да го регистрира ОМО Илинден врз основа на формални основи и технички недостатоци за кои одби да дозволи да се исправат. 86 Во секој случај, повеќето од направените согледувања беа спорни и сомнителни и оставија впечаток дека Агенцијата намерно барала причини за да го оправда одбивањето. На 27 јануари Окружниот суд во Благоевград ја потврди одлуката и во својата одлука внесе невистинити тврдења
Друг вообичаен аргумент користен во минатото е тврдењето дека целите што ги следат организациите се карактеристични за целите на политички партии; барање кое никогаш не било разјаснето и дефинирано од судот кој произволно одлучува дали таквите цели се „политички“; овој проблем се јавува само кога организацијата е основана од Македонци. Судовите немаат проблем да регистрираат други невладини организации со слични цели. Ваквата аргументација беше искористена против Здружението на репресирани Македонци во Бугарија - жртви на комунистички терор двапати од страна на Агенцијата за впишување и еднаш од Окружниот суд во Благоевград. 88 Истото му се случи на македонскиот клуб за етничка толеранција во Република Бугарија - на 17 ноември беше одбиена од регистрацијата од страна на Агенцијата бидејќи нејзините цели и средства не беа природно припаѓаат на непрофитно правно лице и не личат на оние на политичка партија. 89 Одлуката на Окружниот суд во Благоевград за укинување на регистрацијата на Здружението за одбрана на основните граѓански права беше особено карактеристична во овој поглед: „само политичките партии имаат такви својствени цели и активности кои се однесуваат на промена на унитарниот карактер на државата, територијалниот интегритет и единството на нацијата и истите тие цели и активности не можат да ги следат граѓанските здруженија“. 90 Во овој случај, тврдењето дека организацијата има такви цели не произлегува од нејзиниот статут, туку од произволното толкување на судот; имено, бидејќи членовите на организацијата веруваат дека македонско малцинство постои, тие си ги задале горенаведените цели (со што ја кршат одредбата од Уставот дека им се забранува на политичките партии да имаат такви цели). Во минатото, пак, се користеше дијаметрално спротивниот аргумент кога се правеле обиди да се регистрира партија на Македонците во Бугарија; имено, дека целите се карактеристични за една невладина организација, а не за една партија. Вообичаената дискусија за постоењето на профитен мотив се насочуваше така да, во случаи кога се работеше за непрофитна организација, се бараше таа да има профитен мотив, а кога имаше, се тврдеше дека е недозволиво да го има. 91
Судовите се обидуваа да ги проценат „вистинските цели“ и „вистинската намера на членовите - основачи“, надвор од статутот на новоформираното здружение, бидејќи сметаа дека статутот не е единствениот критериум за откривање на целите на здружението; наспроти должност на судовите да „го применуваат законот подеднакво за сите“ и да водат неопходна грижа за да обезбедат одржување на правата на сите граѓани. Се заклучи дека „утврденото право на барателот да се почитува неговата слобода на здружување не е посилна од потребите на државата и, следствено, на судот“. 92
Оваа година, сепак, беа присутни два нови елементи во аргументацијата што ја користеа бугарските судови.
Првиот беше во врска со обидите да се регистрираат здруженија за приватни цели и активности. Кога се одбиваа овие барања, беше напуштен вообичаениот манипулативен аргумент дека здруженијата со непрофитна цел имаат цели што се својствени за политичките партии и затоа не можат да бидат регистрирани – оваа позиција веќе неколкупати ја осудуваа институциите во Стразбур, како што се ЕСЧП и Комитетот. Промената беше во тао што овој манипулативен аргумент се замени со тврдењето дека здружението создадено за лична корист има цели карактеристични за здружение создадено за остварување на социјална цел. 93
Втората измена беше во манипулацијата околу концептот на „македонски организации“ од страна на Агенцијата за впишување која создаде лажна расправа околу тоа дали станува збор за организации кои се „основани и кои работат врз основа на законот на странска земја (во случајот на Македонија)" или пак, прашуваше дали овие организации мора да бидат регистрирани во Македонија или дали "ако целта на здружението е да ги регистрира таквите субјекти основани врз основа на странски закони во бугарските регистри... таквото дејство е во спротивност со бугарското законодавство". Единствената алтернатива што Агенцијата ја сметаше за допуштена е дека „тоа се бугарски организации чие членство е составено од граѓани на Северна Македонија, нешто што мора правилно да се дефинира за да може да се избегне нивното признавање со неодредени антиуставни цели... таквата активност нема да може да се реализира во Република Бугарија“. 94 Не беше дозволена можноста тоа да бидат организации на бугарски граѓани чии цели се унапредување на интересите на лица со македонска свест во Бугарија, освен во прикриена форма - имено, дека како „антиуставно нешто“ кое мора да се „избегне“, се дадоа аргументи во полза на групата која негира постоење на македонско малцинство.
Неконзистентноста и противречноста на мотивите содржани во пресудите на бугарските судови во врска со одбивањето на регистрацијата на македонски организации беа забележани од надворешни набудувачи. 95 Пресудите на судовите не оставија простор за сомнеж дека формалните причини се неодржливи и служеле да се постигне претходно рангирана цел - да не се дозволи регистрација на македонски организации.

Негирање на македонското малцинство и карактеризација на тврдењето дека постои такво малцинство како антиуставна активност насочена против територијалниот интегритет и единство на нацијата.

И покрај фактот дека во изминатите дванаесет години бугарските власти не успеаа најдат било какви активности на македонските организации „кои би можеле да го загрозат територијалниот интегритет или единството на бугарската држава“ за кои ќе ги информираат меѓународните институции, 96 и покрај тоа што вакви активности реално не постојат за време на 30-те години демократија, ваквите наводни активности продолжија да се користат како редовни основи за одбивање на регистрација на македонските организации.
На 17 февруари Агенцијата за впишување го отфрли барањето за регистрација на Организацијата на потиснати Македонци затоа што: „таа се обидува да ги собере околу себе не лицата кои биле репресирани од комунистичкиот режим во Бугарија поради нивните изјави за Македонското Прашање, туку само лицата со 'македонска свест и кои се самоопределуваат како Македонци'“. „Соодветно, целите и средствата за нивно постигнување не се во согласност со законот“. 97 На 10 март Окружниот суд во Благоевград ја потврди оваа пресуда и додаде дека „одбраната на правата и слободите на Македонците во Бугарија е активност насочена против суверенитетот, територијалниот интегритет на земјата и единството на нацијата, и таквата активност може да го разгори националното непријателство и да ги наруши правата и слободите на граѓаните на Република Бугарија, поради што се забранува основањето на ваква организација“. 98 Случајот беше поднесен пред Апелациониот суд во Софија, кој го потврди претходното одбивање и соопшти дека „целосно се согласува со заклучоците извлечени“ од Агенцијата и Окружниот суд и даде свој заклучок, имено, дека „целите формулирани во уставот и средствата за нивното достигнување се во спротивност со членот 6, став 2 од бугарскиот Устав, кој забранува доделување привилегии засновани на 'националност, етничка припадност, потекло'“. Дел од целите наведени во статутот на здружението претставуваат активности насочени кон единството на бугарската нација и територијалниот интегритет на нашата земја кои се основни уставни принципи согласно член 44 став 2 од Уставот, а имено: „заради нивната македонска свест и самоопределување и нивните активности во одбрана на правата и слободите на Македонците во Бугарија“, како и наводот дека таквата етничка припадност воопшто постои и апелот за одбрана на македонската кауза“. 99 Судот уште еднаш ги третираше обидите на Македонците законски да ги бранат своите интереси и права како да е недозволиво доделување привилегии врз основа на етничка припадност. Здружението на репресирани Македонци направи уште еден обид да добие регистрација во текот на есента, но сепак Агенцијата уште еднаш го одби ова барање повторувајќи ги истите аргументи што ги користеше во февруари. 100
Македонската организација Граѓанска иницијатива за признавање на македонското национално малцинство во Бугарија и одбрана на бугарските граѓани со македонска свест, се соочи со истите проблеми. Судот во Благоевград ја потврди пресудата на Агенцијата за впишување во 2019 година со која се одбива регистрацијата на организацијата. И покрај тоа што утврди дека основите изнесени од Агенцијата во врска со формалните критики и недостатоци во статутот на организацијата се неосновани, судот сепак ја потврди пресудата врз основа на целите на здружението: „официјалното признавање на постоењето на македонско национално малцинство“ и „укинување на дискриминаторските акти, кои се претворија во правна основа за негирање и дискриминација на македонското малцинство во Бугарија“ (вклучувајќи ја и декларацијата на Собранието од 6 март 1990 година, Пресудата бр. 1 на Уставниот суд од 29 февруари 2000 година, Рамковната позиција на бугарската Влада од 9 октомври 2019 година и декларацијата на Собранието од 10 октомври 2019 година). Покрај тоа, судот ги цитираше основните идеи и концепти содржани во статутот на организацијата, имено: „неспорниот и очигледен факт дека македонското малцинство во Бугарија е реалност повеќе од 100 години”, дека „ова малцинство брои илјадници души на сите пописи во изминатиет 84 години“, „дека Македонците ја докажаа својата решеност да опстанат како посебна етничка група…“„дека му се одземени правата на македонското малцинство” и така натаму. „Според Судот, наведените конкретни активности го кршат членот 44, став 2 од бугарскиот Устав со кој се забрануваат организации „чии активности се насочени против суверенитетот, територијалниот интегритет на земјата и единството на нацијата и кои разгоруваат расни, национални, етничко или верско непријателство или што ги кршат правата и слободите на граѓаните“. Се констатираше дека здружението е „насочено против единството на нацијата“, повикувајќи се на претходната пресуда на Апелациониот суд на Софија, која укажуваше на тоа дека такво малцинство не постои и дека истакнувањето дека тоа постои е акт насочен против единството на нацијата. 101
Апелациониот суд во Софија (АСС) ја потврди пресудата на судот во Благоевград против Граѓанската Иницијатива. Судот утврди дека голем дел од целите на здружението „противречат на членот 6, став 2 од Уставот, кој забранува доделување привилегии засновани на „национална, етничка припадност или потекло“. Понатаму, судот тврди дека не постои посебна македонска етничка припадност во Република Бугарија, а дека дел од целите на здружението наведени во неговиот статут сугерираат дека постои таква етничка припадност, која згора на тоа се состои од малцинство лишено од своите права. Поради тоа, целите на здружението и средствата за нивно постигнување отвораат пат за наметнување во општеството не само на идејата дека во Република Бугарија постои посебна македонска етничка група, која е лишена од нејзините права, туку исто така предвидува активности замислени за активно создавање на таков етничка група. Овие цели содржат предлози и повици за одбрана на македонската кауза. Токму од овие причини, целите претставуваат активност насочена против единството на нацијата и територијалниот интегритет на земјата… Како што правилно истакна Окружниот суд Благоевград, македонско етничко малцинство во Бугарија не постои... Поради ова, истакнувањето на постоењето на такво малцинство преку создавање на една организација… во суштина нема за цел одбрана на нивните права во смисол дека тие не се разликуваат од правата на останатите граѓани, туку е насочено против единството на нацијата“. Софискиот Апелационен суд утврди дека повредата на правото на здружување во овој случај е основана, бидејќи во овој случај се применува исклучокот предвиден во член 11 став 2 од Конвенцијата за одбрана на човековите права и основните слободи, кој пропишува ограничувања неопходни за заштита на националната и општествената безбедност во демократско општество, за спречување на немири или злосторства и за заштита на здравјето и моралот и правата на другите лица. Судот оцени дека забраната согласно член 44 став 2 од Уставот е „директно применлива“ во овој случај и дека целите на здружението и средствата за нивно реализирање „ги упатуваат во насока на активност која е во спротивност со член 44 став 2 од Уставот“. 102
Карактеристично за политичката мотивација за овие пресуди е фактот што од сите здруженија кои се соочија со дискриминација од страна на бугарскиот судски систем оваа година, само во случајот на ОМО Илинден не се користеше изговорот за непостоење на македонското малцинство, туку одбивањето беше резултат на обични формалности. Бугарија е предмет на мониторинг од страна на Комитетот за Министри за овој случај.

Одземање на регистрацијата


На 20 јули 2020 година Окружниот суд во Благоевград ја укина регистрацијата на Здружението за одбрана на основните граѓански права, кое беше впишано во Агенцијата пред помалку од една година. Според Судот „дел од целите на здружението и средствата за нивна реализација утврдени во статутот се во спротивност со член 12 став 2 во врска со член 6 став 2 и член 44 став 2 од Уставот на Република на Бугарија. Одбрана на човековите права на Македонците и другите етнички малцинства во Бугарија во согласност со Рамковната конвенција за одбрана на националните малцинства и другите релевантни бугарски и меѓународни документи и целите за нивно постигнување, наведени во точките 1-4, точка 6 , 8, точки 9-10 од Уставот на Република Бугарија во кој се забранува доделување привилегии врз основа на „националност, етничка припадност и потекло“. Целта утврдена во статутот на здружението, имено: „одбраната на правата на Македонците и другите етнички малцинства во Бугарија, што подразбира постоење на други етникуми и повикува на одбрана особено на македонската етничка припадност, како и преку документирани средства - за одбрана на македонската кауза… претставува активност насочена против единството на нацијата и територијалниот интегритет на нашата земја што претставува основно уставно начело според значењето на член 44 став 2 од Уставот. Со оглед на импликацијата од организацијата дека малцинска македонска етничка припадност или која било друга таква етничка припадност постои во Бугарија, и наводно е лишена од своите права и бара специфична заштита од државата и нејзините институции во согласност со Уставот, како и нејзините повици во суштина во исто време за одбрана на оние лица кои се идентификуваат како „Македонци“, судот утврди дека предвидената цел и средствата за нејзино остварување се насочени против единството на бугарската нација и територијалниот интегритет на земјата кои се засилени како основно уставно начело во одредбите на членот 44 став 2 и членот 2 став 2 од Уставот“. 103
Судот не определи временски рок за отстранување на основата за одземање на регистрацијата и нејзините негативни ефекти како што се бара со закон, освен во случаи кога здружението е вмешано во тероризам. Карактеристично за оваа пресуда е тоа што таа беше спроведена според правилата пропишани за трговски спорови (член 365 од Законот за парнична постапка), и покрај тоа што станува збор за непрофитна организација. Таа процедурална повреда му даде можност на судот да даде рок од само една недела за жалба, наместо вообичаениот период од две недели, и на тој начин лажно ги наведе и создаде потешкотии на организацијата при поднесување жалба.
Членовите на друга регистрирана организација - „Антички Македонци“ - повторно беа повикувани од полицијата меѓу 14 и 16 септември 2020 година. Во поканите немаше официјални печати, но на оние што не се одзваа им беше кажано дека ако не дојдат да изнесат детали и дадат изјави пред локалната полиција, од нив ќе се бара да присуствуваат на испрашување во Министерството за внатрешни работи во Софија (оддалечено 300 километри) каде што ќе им бидат дадени покани со печати и ќе бидат сослушувани. Тие беа повикани во својство на сведоци во полициската истрага во согласност со претходната постапка бр.15304/2020 според Законот за мерки против перење пари, како што е формулирано од Окружната канцеларија 01 на Дирекцијата за внатрешни работи на Софија спроведена од полицајката Боримира Иванова од Првата окружна канцеларија на Министерството за внатрешни работи во Софија. Во полициската станица тие беа принудени да дадат потписи во три различни пози - стоечки, седечки и полу-исправени, како и да одговорат на следниве прашања:
„1 Да откриете сè што знаете за регистрацијата на Здружението „Антички Македонци“ и сè што знаете за Здружението
2. Кој ги собра членовите за формирање на Здружението и конкретно кој им кажа за основањето на Здружението - треба да бидат дадени имиња и контакт броеви.
3. Кога се одржа состанокот во врска со формирањето на Здружението? Каде се одржа? Дали бевте присутни на состанокот?
4. Која е целта за формирање на таквото здружение?
5. Дали ја знаете причината зошто постигнувањето на целите и средствата што треба да се користат наведени во статутот се однесуваат главно на историјата и културата на македонскиот народ?
6. Од датумот на формирање на Здружението (30/9/2019) до денес, дали Здружението се занимава со конкретни активности? Од каков вид? Таквите активности треба да бидат експлицитно наведени.
7. Да посочите дали сте учествувале во извршување на какви било активности на Здружението.
8. Да се наведе дали потписот под вашето име на списокот во прилог на указот издаден под број 2 е всушност ваш и е даден од вас. Ако е така, кога и каде го додадовте вашиот потпис?
9. Од сведокот се бара да достави обрасци со неговиот потпис и ракопис.”
Прашањата беа делумно различни од оние на кои членовите требаше да одговорат во декември 2019 година, кога им беше поставено прашање „кои конкретни активности ќе ги спроведе Здружението“ (7), „со какви финансиски средства имаат намера да ги реализираат целите на Здружение“ (8), преку кои програми на други странски влади имаат намера да ги постигнат целите на Здружението?“ (9), „со кои поврзани организации од земјата и странство веруваат дека ќе мора да имаат контакти со цел да се постигнат целите на здружението“ (10).
Беше очигледно од поставените прашања дека властите сметаат дека создавањето на Здружението има друга цел од онаа наведена во статутот и дека тие се загрижени од фактот дека целите се однесуваат на интересите на луѓето со македонска свест (иако законот јасно пропишува слободен избор на цели - член 2 од 2 од Законот за непрофитни правни лица , но тие не знаат ништо за какви било активности на Здружението. Како такво, дејствието преземено од нив не беше одредено од активностите на Здружението, туку од идеите и етничкото самоопределување на неговите членови.
Очигледно е дека властите се обидоа да заплашат некои од членовите да изјават дека тие не учествувале во формирањето на организацијата што ќе се користи како изговор за забрана на организацијата; ова е тактика што често се користеше во минатото против македонските партии и организации.
***
Во ниту една пресуда судовите не посочиле на кој било вид конкретни активности (на нерегистрирани организации!), ниту пак утврдиле како нечие самоопределување како Македонец или убедување дека македонското малцинство постои, може да претставува активност насочена против единството на нацијата, територијалниот интегритет на земјата, националната безбедност и правата на другите.
Бугарските судови продолжуваат преку своите пресуди да го толкуваат значењето на Уставот со прогласување дека самото тврдење за постоење на етнички групи и малцинства во Бугарија е активност насочена против единството на нацијата, и покрај фактот што Уставот содржи јасни оценки дека такви етникуми и малцинства постојат и покрај тоа што Бугарија ја ратификуваше Рамковната конвенција. Судовите го укинаа правото на самоопределување на граѓаните на државата и си припишаа непостоечки овластувања да проценат дали одредена етничка група во Бугарија постои или не, дури и кога нивните ставови, како во случајот со Македонците, се во директна спротивност со бројките објавени од Националниот институт за статистика во измиантиет 75 години, кои покажуваат дека во Бугарија има илјадници Македонци. Освен тоа, пресудите се противречни самите на себе, со истовремено тврдење дека нема македонско етничко малцинство и дека регистрацијата на македонски организации ја нарушува забраната за доделување привилегии на етничка основа.

Отсуство на правна заштита

Македонците во Бугарија немаат никаква заштита од оваа дискриминација од страна на институциите на земјата. Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) го игнорира проблемот и одбива да ги испита жалбите поднесени од Македонци, што е забележано во последниот извештај на комесарот за човекови права: „Комесарот... е загрижен од ставот на КЗД дека Комисијата нема надлежност да ги испитува жалби поднесени од лица кои се идентификуваат како етнички Македонци, вклучително и во врска со нивното право на слобода на здружување“. 104

Јавна поддршка за повреда на правото на здружување на Македонците

Повредата на правото на здружување на Македонците во Бугарија ужива сеопфатна политичка поддршка од сите сектори на политичкиот живот. Сите бугарски европратеници гласаа за отстранување на препораките за пресудите во врска со ОМО Илинден од предлог резолуцијата на Европскиот Парламент со која се бара Бугарија да ги изврши одлуките на ЕСЧП. 105 Европратеникот од владејачката партија ГЕРБ Андреј Ковачев го карактеризираше одбивањето да се регистрира ОМО „Илинден“ како „непостоечка тема“. Бугарската Социјалистичка Партија, која е главната опозициска партија, усвои официјален став против резолуцијата на Европскиот Парламент во која се вели дека: „Споменувањето на ставот кој се однесува на пресудите на ЕСЧП за регистрација на ОМО Илинден е штетно и за него нема место во резолуција на ЕП во врска со владеењето на правото. Бугарскиот суд сметаше дека регистрацијата на оваа организација е во спротивност со Уставот и затоа таа беше одбиена“.106 Истиот став во Европскиот Парламент ја изрази и пратеникот од истата партија Петар Витанов, кој изјави дека „не постои начин на кој може да се регистрира ОМО Илинден, од една едноставна причина - бугарскиот Устав го забранува тоа.… за нас такво прашање не постои“, додавајќи дека оваа резолуција не е законски обврзувачка.107 Лидерот на либералната опозиција Христо Иванов го окарактеризира вклучувањето во резолуцијата на „теми како што е онаа на… ОМО Илинден како„ обид за промена на темата… во непостоечки теми“, што Бугарија не смее да го дозволи. 108 Според европратеникот од истата партија Радан Канев, бугарската држава беше виновна за пресудите на ЕСЧП, бидејќи „не ја заврши својата работа во Стразбур и не го бранеше независниот бугарски суд - бугарскиот суд правилно ја изврши својата задача, одбивајќи да го регистрира ОМО Илинден… Бугарскиот суд си ја заврши својата работа, но извршната власт не успеа во Стразбур” 109
Ваквите ставови се споделени низ општеството и медиумите и речиси и да не наидуваат на отпор. На пример, Сотир Младенов во одговорот на новите пресуди на ЕСЧП против Бугарија во мај го напиша следното: „Владата и бугарските судови треба категорично да го уништат ембрионот на пипалата на бугарофобската македонистичка доктрина што се обидува да се прошири на нашата територија... Сега е моментот да видиме дали судскиот систем во нашата земја е навистина независен… Што и да се случи, дури и ако треба да се направи од инает, нашите судови мора да одбијат да го регистрираат тоа здружение и владата и дипломатската служба мора да преземе мерки“. 110

Одбивање на властите да отпочнат дијалог

Во извештаите за мониторингот за Бугарија редовно се препорачува да отпочне дијалог меѓу претставниците на македонското малцинство и властите. 111 „Властите не влегоа во дијалог со лица идентификувани како Македонци, кои продолжуваат да бараат признавање како национално малцинство и заштита според Рамковна конвенција“.112 И оваа година властите не се обидоа да ги спроведат препораките во извештаите на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Комесарот за човекови права, Европската комисија за борба против расизмот и нетолеранцијата и консултативниот Комитет за примена на рамковната конвенција за националните малцинства за почеток на дијалог со македонското малцинство. Напротив, не беше добиен ниту еден одговор на многуте писмени барања од македонските организации за состаноци и разговори со бугарските институции, како што се оние на претседателот, премиерот, парламентот, министерот за образование, Комисијата за малцински прашања и Комисијата за борба против дискриминацијата. Според конкретната проценка на Советодавниот комитет, со одлуката на Уставниот суд од 2000 година дека нема македонска етничка група во Бугарија, што редовно ја спроведуваат судовите во Бугарија „се смета дека попречува каков било дијалог меѓу властите и претставниците на Македонците за прашања во врска со Рамковната конвенција“. 113 И покрај тоа што, како што е забележано од Комитетот:„ Со оглед на тоа што бугарскиот пристап кон обемот на Рамковната конвенција не бара формално признавање за нејзината примена“, тоа не е пречка за почеток на дијалог со Македонците за примена на Конвенцијата точка по точка до нив. 114

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ

Повредата на правото на здружување, како и говорот на омраза и дискриминацијата на кои се изложени Македонците, се засноваат на негирањето на македонското малцинство и третирањето на самата идеја дека такво малцинство постои како непријателска кон Бугарија.
Со оглед на актуелната состојба во земјата, не се чини веројатно дека состојбата на Македонците во Бугарија може да се подобри без сериозна надворешна интервенција, особено од европските институции. Овој проблем е многу стар и сериозен и бара итни мерки.115 Негирањето и дискриминацијата на македонското малцинство претставува последен остаток на тоталитарната политика во Европската Унија.
За да се решат сегашните проблеми на македонското малцинство во Бугарија, треба да се случат следниве промени:
1. Одлуката на Уставниот суд од 29 февруари 2000 година и Декларацијата на бугарското Собрание од 6 март 1990 година, со која официјално се тврди дека во Бугарија нема конкретна македонска етничка група, како и парламентарната декларација од 9 ноември 2019 година, мора да бидат поништени. Овие одлуки служат како идеолошка и правна основа за дискриминација. Владата треба официјално да објави дека македонското малцинство повеќе нема да биде негирано или дискриминирано и дека неговите права ќе бидат бранети.
2. Државата треба официјално да го признае постоењето на националните малцинства во земјата и концептот „национални малцинства“ треба да биде вклучен во Уставот. Државата треба да ги преземе неопходните законски мерки така што принципот на единство на нацијата не може да се толкува како негирање на постоењето на националните малцинства и нивните права.
3. Законот за регистрација на невладини организации треба да се смени и во него да се вклучат членови што ќе го оневозможат толкувањето на самоопределувањето на малцинските групи како антиуставен, антидржавен акт што го загрозува територијалниот интегритет и го оправдува одбивање на регистрација.
4. Треба да се преземат мерки за уставната забрана за формирање на организации на етничка основа во иднина да не се толкува и користи за спречување на правото на малцинствата да формираат свои организации.
5. Бугарија треба да ги спроведе пресудите на ЕСЧП и македонските организации треба да бидат регистрирани. Треба да се отстранат пречките што ја спречуваат регистрацијата на македонските организации. 116
6. Мора да се започне активен дијалог помеѓу државата и претставниците на македонското малцинство со цел да се решат тековните проблеми и мора да има македонски претставник во Комисијата за малцинства.117 Овој дијалог треба да започне веднаш, без да се чека признавање на македонското малцинство бидејќи „признавање од страна на државата како малцинство не е предуслов тоа да се квалификува за заштита согласно Рамковната конвенција“ и треба да се фокусира на примена на Рамковната конвенција за Македонците во согласност со специфичните членови на Конвенцијата.118
7. Документите за попис треба да содржат посебна колона за „Македонци“ и за време на спроведувањето на пописот треба јавно и официјално да се објави дека секој што самостојно се идентификува како Македонец може слободно да го стори тоа.119
8. Треба да се преземат мерки за унапредување на толеранцијата кон македонското малцинство и за нејзина заштита од говор на омраза и институционална дискриминација.
9. Проучувањето на македонскиот литературен јазик, култура и историја треба да биде вклучено во наставните програми за деца кои припаѓаат на македонското малцинство. Во исто време, наставните програми за основните училишта треба да се изменат и веќе да не се отстрануваат наводите за македонската нација и нејзината историја, култура и јазик (ова не е е ново, во минатото се правеше во Бугарија, но сега е напуштено како идеја).

Автори: Комитет за одбрана на човековите права „Толерантност“, со поддршка на ОМО Илинден -ПИРИН, Здружението на репресирани Македонци жртви на комунистички терор, ОМО Илинден, Здружението за одбрана на основните граѓански права, Граѓанска иницијатива за признавање на македонското национално малцинство во Бугарија и одбрана на правата на бугарските граѓани со македонска свест, Македонскиот клуб за етничка толеранција во Република Бугарија и весниците „Народна волја“ и „Македонски глас“

Назад към предишната страница Върнете се в началото
Main About Us News Activities Documents Photo Gallery Media Contact Links
� 1999-2021 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.