ЕКРИ имаше средба со македонските организации во Бугарија

14 мај, 2003

Read this page in English

Македонско движење за човекови права во Канада - http://www.mhrmi.org/

Соопштение за медиумите

На 7 мај 2003 година, во Софија, Бугарија, дејци на македонските организации од пиринскиот дел на Македонија имаа средба со Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ, интернет страна:
www.coe.int/ecri)

ЕКРИ е независен надгледувачки механизам за човекови права, кој беше основан од страна на “Првата средба на претседатели на влади при Советот на Европа” (октомври 1993 година). Целта на ЕКРИ е да се бори против расизмот, ксенофобијата, антисемитизмот и нетолеранцијата на европски степен и на полето на заштита на човековите права. Во рамките на својот пристап од-држава-до-држава, ЕКРИ одблиску ја истражува сосотојбата во секоја земја членка на Советот на Европа, и по анализата составува предлози и препораки за тоа како проблемите околу расизмот и нетолеранцијата воочени во секоја поединечна држава може да се разрешат.

Како дел од својот трет круг на држава-до-држава извештаи, за време својата посета на Бугарија од 7-10 мај, 2003 година, ЕКРИ изрази желба за состанок со македонските организации. На состанокот, кој се оддржа во Информативниот и документационен центар на Советот на Европа (ул. Александар Жендов 5, БГ 1113, Софија), ЕКРИ беше претставен од г-дин Виталијано Еспосито, ЕКРИ член за Италија, г-дин Џозеф Војам, ЕКРИ член за Швајцарија, и г-ѓа Клаудија Скиоти, член на секретаријатот на ЕКРИ, во придружба на двојца преведувачи (француско-бугарски).

Делегацијата од македонските дејци беше составена од Иван Сингартиски, претседател на ОМО „Илинден” - ПИРИН, Ботјо Вангелов, претседател на ОМО Пирин, додека “Сонце”, здружението на исламизираните Македонци беше претставена од својот претседател, Дамјан Искренов и членот на одборот, Андон Искренов.

Македонските дејци ги запознаа претставниците на ЕКРИ со проблемите со кои Македонците се соочуваат во Бугарија, во однос на правото за организирање, здружување и бугарското одбивање да им го признаат на Македонците и другите етнички групи правото на малцински статус со своите посебни етникуми, јазици, култури и религии.

Драги Стојковски
Македонско движење за човекови права во Канада
Адреса: 157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел: 416-850-7125 Fax: 416-850-7127
Е-маил:
info@mhrmi.org Вебсајт: www.mhrmi.org

       
Main About Us News Activities Documents Photo Gallery Media Contact Links
� 1999-2021 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.