Main
About Us
News
Activities
Documents
Photo Gallery
Media
Contact
Links
Македонско Сонце - Декларација од ОМО „Илинден“ - ПИРИН
30 ноември, 2001
ПРЕДАВНИЦИТЕ НАДВОР ОД ВЛАСТА!
Со чувство на одговорност и длабок немир, ОМО „Илинден“ - ПИРИН ги следи процесите кои се случуваат во Република Македонија во изминава 2001 година.
Политичкиот врв во Македонија на чело со претседателот Борис Трајковски и премиерот Љубчо Георгиевски државата ја доведоа на работ на катастрофата. И точно кога требаше да си одат од власта, СДСМ во лицето на Бранко Црвенковски им даде нов живот, сливајќи се во една срамна предавничка коалиција.
Македонскиот народ треба да знае: најодговорниот момент од македонската историја не им беше оставен само на сегашниот претседател Борис Трајковски и премирот Љубчо Георгиевски, туку се слеаја со нив коалиционерите од СДСМ. Од друга страна се кријат сега Васил Тупурковски и многу други коишто сега нема да ги именуваме, но еден ден ќе им биде побарана одговорност со целата сила на македонските закони.
Македонскиот народ треба добро да знае: претседателот Борис Трајковски заедно со челниците од ВМРО-ДПМНЕ не и служат на Македонија, туку им служат на други интереси. Многу добро ни се познати плановите на овие челници за обезличувањето на македонската држава, по што би следела нејзината поделба меѓу двата соседа - Албанија и Бугарија.
Сето тоа беше претставувано од неколку исклучително предавнички акти:
Признавањето на Тајван со цел да се провоцира Кина да наложи вето во Советот за безбедност на ООН за понатамошен престој на војските на ООН во Македонија и на тој начин да се олесни преминувањето на терористичките балистички банди од Косово во Македонија. Само слепите не можат да го видат тоа.
Потпишувањето на срамната Декларација со Бугарија, со којашто владата на Љубчо Георгиевски се откажува од македонското малцинство. Ова е случај без преседан и класификацијата е само едно - национално предавство.
Назначувањето на раководни места во дипломатијата на луѓе во кои умира македонската свест, како што се Димитар Димитров, амбасадор во Москва, Љубиша Георгиевски, амбасадор во Бугарија и други. Тие луѓе се предавници на македонската кауза и во секое нормално општество и држава ќе се држат настрана од државните прашања, а при докажана вина тие треба да поднесат тешка одговорност.
Со оваа Декларација, ОМО „Илинден“ - ПИРИН не се обраќа кон претседателот Трајковски, премиерот Георгиевски и кон сите сторители на најголемото зло, туку се обраќа кон академиците од МАНУ, кон македонските интелектуалци, кон Светиот синод на МПЦ, кон македонските студенти, лекари, учители, кон целокупниот македонски народ.
Од сите краишта на светот е побарана оставката на Претседателот и Премиерот. Не гледате ли дека сите тие господа остануваат глуви, само и само да дојдат до својата цел. Некому се должници.
Затоа повикуваме на импичмент. Македонскиот народ е должен да го симне Трајковски од власт додека не е доцна. Долу од власта за предавниците! Македонија на Македонците!
Членовите и раководството на ОМО „Илинден” - ПИРИН како составен дел од македонскиот народ, живеејќи во границите на Р. Бугарија, најостро ги осудува предавниците на Македонија и бара веднаш да си дадат оставка. Категорично сме против промена на Уставот на Република Македонија. Искажуваме категорична поддршка на македонскиот народ во Република Македонија. Сите важни прашања за Македонија, а и за целиот македонски народ, треба да бидат решавани со референдум од народот на Македонија - единствено тој има право да си ја решава својата судбина.
Национален извршен совет на ОМО „Илинден” - ПИРИН,
Иван Сингартијски, претседател
Main
•
About Us
•
News
•
Activities
•
Documents
•
Photo Gallery
•
Media
•
Contact
•
Links
� 1999-2021 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.