Обраќање на ОМО „Илинден“ - ПИРИН
до интелектуалците во Македонија со бугарска самосвест


4 декември, 2000
Историјата е против вашите етногенетички заблуди

Една болка што крвави не тера да се обратиме до Вас, интелектуалците во Република Македонија, што сте со бугарска самосвест. Наша единствена цел и желба со ова наше обраќање е да Ви помогнеме да ја сфатите Вашата етногенетичка заблуда. Ова се истакнува во соопштението на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, во кое со повеќе историски аргументи се расветлува еден период од средновековната македонска историја, а од што може да се види дека Македонците секогаш биле тоа што се чувствуваат денес, а не Бугари, како што тврди официјална Софија.

'Ние коишто живееме во шовинистичките држави на Бугарија и на Грција, наместо поддршка и помош од ваша страна, во нашата борба за градење на националната свест кај нашиот народ, наидуваме на удари', се додава во ова пошироко обраќање до интелектуалците со бугарска самосвест и истовремено се истакнува дека настаните што се случиле од 869 до 972 година овозможуваат да се дознае вистината дека Македонците немаат ништо заедничко со бугарскиот етникум и дека македонската нација се формирала од автохтоното македонско население и Словените што се населиле од 5 до 7 век.

Ако Вие, драги сонародници, ја чувствувате вистинската улога на Бугарите во горчливата судбина на нашиот народ, не само во средниот век, туку и во 1912 година, кога однапред им сугерираа на Србите и на Грците да не делат и кога во 1927 година потпишаа спогодба со Грција за прогонување на десетици илјади наши сонародници од Јужна Македонија, немаше денес да го нарушувате етничкото единство на целокупниот македонски народ', се подвлекува на крајот на обраќањето.

Под ова писмо стои потписот на Иван Сингартиски, претседател на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Тој за 'Утрински весник' изјави дека повод за ваквото обраќање е формирањето на Здружението 'Радко', и се понагласените иницијативи за наводно осознавање на 'бугарските корени' на Македонците.


       
Main About Us News Activities Documents Photo Gallery Media Contact Links
� 1999-2021 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.