Појаснување...
18 декември, 2008
|
Во врска со реакциите во јавноста на Република Македонија по изјавите на премиерот Станишев во однос на нашата партија сакаме да појасниме:
Правата на малцинствата и на човекот се фундаментално прашање. Тие не можат да им припаѓаат на ниту една држава и според тоа проблемот на Македонците во Бугарија не може да биде исклучиво внатрешно прашање на Република Бугарија. Напротив, решавањето на ова прашање е должност на Бугарија кон нас како нејзини граѓани. Во исто време, ова прашање е и европски проблем, бидејќи станува збор за европски граѓани и за човекови права во Европската Унија.
Но ако правата на човекот не се проблем на една држава, тие не се проблем ниту на две! Ние секогаш сме се спротивставувале на обидите на некои средини во Бугарија да го симнат нашиот проблем на билатерлано ниво, помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Тоа е најсигурниот начин да се отежни неговото решавање, претварајќи го от проблем со правата на човекот во меѓудржавен спор.
Сметаме дека, малцинствата не треба и не смее да бидат заложници на меѓудржавните односи, ниту сретство за уценување во меѓусосетската политика. Симнат на билатерлано ниво проблемот нема да се реши, но може да се инструментализира политички, да послужи за влошување на односите меѓу двете држави.
Обврската за нашата регистрација Бугарија ја има не спрема Република Македонија, туку спрема Советот на Европа и спрема сопствените закони!
Интересот на македонското општетсво кон нас е сосема природен, земајќи предвид деќа ние сме за жал единствената партија што се застапува за правата на македонското малцинство во Бугарија. Но, во исто време, нагласуваме дека, ние сме против да се создава погрешен впечаток дека Македонците во Бугарија се под протекцијата на Р Македонија и тоа против државата на која тие се граѓани .
Се заблагодаруваме и ги поздравуваме сите кои изразуваат загриженост за нашата партија и за правата на припадниците на македонското малцинство во Бугарија, но истовремено молиме да не се претвара проблемот во билатерален, ниту во внатрешнополитички - од тоа никој не би имал никаква корист, само штета.
ПРЕСЦЕНТАР НА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН
|
|
|
|
|