СТАНИШЕВ ПРИЗНА ДЕКА СЕ ПЛАШИ

15 декември, 2008

Виж тази страница в български

Stanishev Gruevski На пресконференција во Скопје на 15 декември бугарскиот премиер Сергеј Станишев одговори на новинарско прашање што прават владите на двете земји за да се надминат проблемите со малцинствата во контекст на случаите Радко и ОМО „Илинден“-ПИРИН.
„- Ако мислите дека некој политички е загрижен од регистрацијата на ОМО Илинден во заблуда сте. Ако оваа политичка партија се регистрира и излезе на избори ќе има многу мал резултат, изјави бугарскиот премиер. Бугарија, според него, ги изврши одлуките на Европскиот суд во однос на правата на овие лица. Имам впечаток тие луѓе не скаат да се регистрираат и да ги извршат законските норми за да бидат во центарот на вниманието. Политички воопшто не е проблем. Владата не се меша и нема да се меша во судската одлука, изјави бугарскиот премиер.“ (МИА)
Во врска со тоа би сакале да поставиме неколку прашања?

Зошто Станишев толку се труди да ја убеди македонската јавност, дека од ОМО „Илинден“-ПИРИН никој во Бугарија не се плаши, кога никој за тоа не го ни праша?
Ако ние не сакаме да бидеме регистрирани како се случи да бидеме регистрирани во 1999 г.?
Како тогаш успеавме да ја почитуваме законската процедура, а сега тоа никако да го постигнеме?
Има ли врска регистрацијата на партијата во февруари 1999 г. со поднесената истиот месец од Бугарија молба за добивање датум за почеток на преговори за прием во Европската унија? Има ли врска забраната на партијата во февруари 2000 г. со добивањето две недели пред тоа на бараниот датум за преговори? Како може да се објасни феноменот дека ниту пред тоа ниту после тоа не успеала во Бугарија да се регистрира ниту партија, ниту сдружение, кое да си поставува за цел заштита правата на македонското малцинство во Бугарија?

Како е можно сите 350 регистрирани партии во Бугарија да можат да ја почитуваат процедурата, а само порано регистрираната ОМО „Илинден“-ПИРИН да не успева, без разлика на адвокатите што ги користи? Има ли тоа врска со фактот дека за разлика од регистрираните 350, ПИРИН единствена признава и се бори за правата на припадниците на македонското малцинство во Бугарија?
Кој сака ПИРИН да нема регистрација – дали самата таа која се регистрираше во 1999 г. и досега има внесено 5 молби за регистрација, или државата што и ја одзеде регистрацијата и ги одбива сите нејзини молби?
Кој беше осуден од Европскиот суд за правата на човекот – ПИРИН или Бугарија?
Ако Бугарија ја има исполнето пресудата на тој суд зошто Комитетот на министрите одбива да го го затвори случајот?

Ако плаќањето на паричната казна значи исполнување на пресудата зошто Комитетот на министрите инсиситира за реститутио интегриум (враќање на нарушената состојба)?
Имајќи го во предвид овој став на Комитетот на министрите што има направено Бугарија за да ја врати регистрацијата на ПИРИН?
Дали постојаното менување на законот, толерирањето на слово на омраза против Македонците во Бугарија, акциите за компрометирање на ПИРИН од службата за безбедност и викањето на сите членови на партијата во полицијата се диктирани од желба да се помогне и олесни нејзината регистарција или претставуваат саботажа на исполнувањето на пресудата на судот во Страсбург?

Имајќи ја во предвид позицијата на Комитетот на министрите како поинаку може да се истолкува тврдењето на Станишев дека Бугарија ја има исполнето пресудата со плаќањето на паричната казна, освен како одбивање пресудата да се изврши и спротивставување на регистрацијата?
Ако владата не се меша во работата на судот и нема против регистрацијата на партијата зошто ги викаше сите членови во полицијата?
Ако Станишев не сака да се меша во работата на судот со кое право дава оценки како ги почитувала ПИРИН законските услови?

Дали поради малиот гласачки потецијал на ПИРИН добро информираните бугарски служби на безбедност направија се за да ја спречат регистрацијата на ПИРИН? Осумнадесет години демократија а само една година допуштени на само едни избори!
На кој начин ПИРИН е центар на внимание кога во Бугарија таа е под капата на медиумско затемнување од веќе две години? Во времето кога беше „центар на внимание“ во Бугарија таа беше сатанизирана, навредувана и оклеветена во медиумите. Дали постои човек кој свесно би ги нарушувал правилата за да остане надвор од политичкиот живот од желба да биде жртва на таков вид „внимание“?

И после сето тоа, дали она што го кажа Станишев не е всушност доказ за постоење на силен ирационален, но сосема реален страв од македонското малцинство и од неговите заштитници во Бугарија?
И бидејќи според веќе утврдената државна традиција на нашите прашања никој во Бугарија нема да одговори, им препуштаме на нормалните луѓе да си одговорат сами.
ПРЕСЦЕНТАР НА ОМО „ИЛИНДЕН”-ПИРИН

     
MainAbout UsNewsActivitiesDocumentsPhoto GalleryMediaContactLinks
© 1999-2009 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.
This website is under development by: TJ-Hosting