Македонско меѓународно движење за човекови права - http://www.mhrmi.org/
Соопштение за медиумите
На 30 Јули 2006 година во Мосомишките Бањи, Бугарија, близу до градот Гоце Делчев, македонски организации и нивните приврзаници ќе се соберат да го
одбележат Илинден, Македонското востание врз Отоманската Империја во 1903 год.
Македонците во Бугарија сеуште продолжуваат да бидат дискриминирани и заплашувани кога си го прогласуваат својот македонски идентитет и биле затворани,
притворани, им биле упатувани закани и биле тепани. Во текот на истиот настан минатата година, бугарската Ултра-Националисичка парламентарна партија
“ВМРО-БНД” организираа група од вооружени лица кои со дрва и шипки им се спротивставија на македонските прославувачи со намера да ги вознемират,
заплашат и нападнат Македонците на настанот.
ММДЧП бара од меѓународната заедница и особено од Европската Унија, да изврши притисок врз Бугарија да го признае големото македонско малцинство и да
им ги даде сите права кои се загарантирани од страна на меѓународните конвеции за човекови права. Исто така, ММДЧП бара од Европската Унија да го услови
влезот на Бугарија во Унијата и да не ја прима додека не сго признае македонското малцинство.
ММДЧП бара од меѓународните медиуми, организации за човекови права и други заинтересирани партии да бидат присутни на овој настан и да го набљудуваат
бугарскиот однос во поглед на нејзините обврски да ги почитуваат правата на своите малцинства.
Бил Николов, Претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
Адреса: 157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел: 416-850-7125 Факс: 416-850-7127
Е-маил: info@mhrmi.org
Вебсајт: www.mhrmi.org
|